3Д-изложба на уметнички дела за луѓето без сетило за вид

3Д-изложба на уметнички дела за луѓето без сетило за вид

Подготвил: Драгана Петрушевска

Доколку до крајот на јуни се најдете во Мадрид побарајте го музејот „Прадо“. Тој е уникатен по своите дела.


Не се работи за изложби на чудни и невидени нешта. Напротив, делата се многу добро познати на јавноста. Меѓутоа, тие не се оригиналните (впрочем, дали некаде ги гледаме оригиналите?) Овие уметнички дела се во тродимензионален облик и се наменети за луѓето со изгубено сетило за вид да ги допрат, односно „видат“.

Секое уметничко дело е направено со нов процес на печатење наречен Диду, дело на шпанската компанија „Естудиос Дуреро“. Со процесот се создаваат физички предмети, но не на истиот начин на кој што функционира 3Д-печатењето.

Вработените во компанијата додаваат детали на сликата, кои се печатени со специјално мастило. Потоа, со хемиски процес се добива текстурата, односно тој тродимензионален облик. За една слика се потребни приближно 40 часови работа.

Напорот на вработените вреди да биде искусен во живо. Изложбата ќе трае до 28 јуни.