Американската стопанска комора во Македонија објавува...
Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија) во соработка со своите компании
членки распишува
КОНКУРС
за практикантски ангажмани
Програмата на Амчам Македонија „Отвори врата“ има за цел да ги поттикне компаниите членки да
создадат услови за практикантска работа за студенти кои потекнуваат од домаќинства со ниски
примања. Во 2015 година, компаниите членки на Амчам Македонија нудат над 35 вакви практикантски
ангажмани.
Сите заинтересирани студенти потребно е да ги достават следниве документи:
- целосно пополнета апликација;
- копија од потврдата издадена од Министерството за образование и наука дека сте добитник на
стипендија за студент од социјалните категории за 2015 година.
За овој повик ќе се сметаат за квалификувани студентите од следниве факултети: сите технички,
економски, правен, филозофски, филолошки.
Практикантските ангажмани ќе се спроведуваат во текот на годината.
Кандидати можат да аплицираат за програмата со испраќање на погоре наведените документи на:
- следнава адреса: Американска стопанска комора во Македонија, Иво Лола Рибар 59А-1/15,
1000 Скопје, Македонија;
- следнава е-маил адреса: info@amcham.com.mk.
Крајниот рок за аплицирање е 24 април 2015 година (петок) до 17:00 часот. За испраќање на документи
по пошта, кандидатите мора да го запазат крајниот рок за аплицирање.
АмЧам Македонија не гарантира практикантски ангажман на ниту еден од пријавените кандидати.
АмЧам Македонија ги застапува интересите на преку 100 најуспешни македонски и интернационални
компании. Нашата мисија е да бидеме гласноговорници на меѓународните бизниси во Македонија,
промовирајќи ја глобалната конкурентност на нашата економија преку разни активности и настани како
и преку имплементирање на најдобрите практики.
Повеќе информации за организацијата можете да најдете на www.amcham.com.mk.