Конкурс за упис на студенти на магистерски студии на Институтот за општествени и хуманистички науки - Скопје

Конкурс за упис на студенти на магистерски студии на Институтот за општествени и хуманистички науки - Скопје


 

Институтот за општествени и хуманистички науки-Скопје објавува


КОНКУРС
за академската 2015-2016 година

за упис на студенти на магистерски студии од следниве области:

 


(1) студии на политиките (policy studies), едногодишни и двегодишни

(2) родови студии, едногодишни

(3) студии на културата, едногодишни


ПРВ УПИСЕН РОК

20 април 2015 – 20 мај 2015


Услови на запишување

- за едногодишните програми: 4 години додипломски студии (или стекнати 240 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност

- за двегодишните програми: 3 години додипломски студии (или стекнати 180 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.

Наставата може да следи на македонски, албански и англиски јазик (зависно од потребите на студентот). Најголемиот дел од изборната и дел од задолжителната литература е достапна и на англиски.

Број на слободни места: најмногу по 15 за секоја од програмите.


 Потребни документи:

- Диплома, уверение за завршени студии од прв циклус (4 години или 240 кредита) од областите на општествените и хуманистичките науки или, доколку кандидатката/кандидатот сеуште не дипломирал/а, документ за досега положените испити а дипломата (уверението) ќе ја достави дополнително

.- Нотарски заверената копија од дипломата/уверението за дипломирање може да се достави дополнително, пред потпишувањето на договорот најдоцна до 15 септември 2015, а по доставувањето на електронската копија во случај на електронско аплицирање

- Пополнета пријава која може да се преземе од интернет страницата на Институтот: www.isshs.edu.mk (под рубриката „Студиски програми“ која се наоѓа во мени-то на македонската верзија на страницата).

- Лична биографија (CV).

Првиот уписен рок трае до 20 мај 2015. Пријавите со придружните документи можат да се достават по пошта на адресата на Институтот (ул. „20 октомври“ бр. 8-2, 1000 Скопје) или електронски на info@isshs.edu.mk. Интернет страницата на Институтот е на следнава адреса: www.isshs.edu.mk

Трошоци на студирање: За студиите не се наплаќа школарина освен трошоците за администрирање во вкупен износ од 400 евра во денарска противвредност за севкупниот студиски циклус (вклучувајќи ја и магистратурата) поделени во три рати.

Основна информација за институцијата: Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје е приватна непрофитна научна установа, дел од Регистарот на научни установи што го води МОН (со Решение бр. 30), акредитирана од страна на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование во Република Македонија за организирање магистерски студии од областите на општествените и хуманистичките науки.

Директори на Институтот се проф. д-р Катерина Колозова и доц. д-р Артан Садику.

Контакт лица: Ристо Алексовски  и доц. д-р Викторија Боровска (координаторка на постдипломските програми), достапни на info@isshs.edu.mk, risto.aleksovski@isshs.edu.mk, viktorija.borovska@isshs.edu.mk и на
тел/факс.: +389 2 31 13 059.