Неделна временска прогноза: Какво време не очекува до крајот на работната недела?

Неделна временска прогноза: Какво време не очекува до крајот на работната недела?



Во понеделник во утринските часови не очекува постудено утро со температури кои ќе се движат од -3 до 7 степени. Во утринските и раните претпладневните часови облачно ќе биде во југозападните, јужните и југоисточните предели, каде што попладне ќе биде претежно сончево и топло.

Во останатите предели во текот на целиот ден ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Максималните температури ќе достигнат до 11 односно до 20 степени.

Во Скопје во понеделник ќе биде претежно сончево. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 4 степени, а дневната до 17 степени.

По сончевиот понеделник во вторник и среда не очекува зголемување на облачноста. Во среда постојат услови за локални врнежи од дожд. Минималните температури од 1 до 11 степени, а дневните до 8 односно до 18 степени.

Во четврток постудено утро со утрински температури од -2 до 7 степени. Во текот на денот сончево и потопло со дневни температури кои ќе се движат од 12 до 21 степен.

Во петок умерено облачно со повремени сончеви периоди. Минималните температури ќе се движат од 0 до 9 степени, а максималните дневни ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 14 односно до 23 степени.

Weather4all.com.mk