Оглас за вработување во Amphenol - Македонија

Оглас за вработување во Amphenol - Македонија

AMPHENOL е глобална интернационална компанија со свои производни капацитети во повеќе земји во светот. Светски лидер е во производството на интерконекциски производи наменети за автомобилската индустрија, но и за железница, комуникациска опрема за мобилна телефонија, аеронаутика, електроника и индустриски апликации. 

За потребите на новиот производствен капацитет во индустриската зона во Кочани, имаме потреба од нови лица кои ќе се придружат на нашиот тим. 

Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработено лице за работно место: 

ИНЖЕНЕР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ
QUALITY ENGINEER

Одговорности и задачи:
Следење на квалитетот во производство
Планирање на задачи за перманентно подобрување на квалитетот
Изготвување извештаи и постигнување на зададените цели
Контрола на производите и процесот во рамките на делокругот на работење на тимот
Перманентна грижа за одржување на опремата во исправна состојба
Подобрување на процесот и квалитетот, како и безбедноста и ефикасноста

Потребни квалификации:
Завршен Технички Факултет – предност машински инженер
Предност ќе имаат кандидати со работно искуство во струката од мин. 1 година
Познавање на Англиски јазик
Солидно познавање на работа со компјутер, пред се Microsoft Office ( Word, Exce, Outlook… )
Возачка дозвола Б –категорија
Способност за самостојна и тимска работа и работа под притисок со кратки рокови

Компанијата нуди услови за постојано усовршување на знаењата преку обуки во странство и напредување на професионален план.

Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 30.04.2015 год. по електронски пат на следнава адреса: ivana.golubova@amphenol.mk, или директно во Агенцијата за вработување во Кочани (соба бр.1). Задолжително ставете назнака ИНЖЕНЕР ЗА КОНТОЛА НА КВАЛИТЕТ.

Напомена:
Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.