Оглас за вработување во Универзитетот

Оглас за вработување во Универзитетот "Гоце Делчев" - Штип

Врз основа на член 54, 63, 64, 125, 127, 131, 132, 134, 135 и 142 од Законот за високото образование, член 20г став 1од Законот за вработените во Јавниот сектор и член 22 став 3 и член 23 од Законот за работни односи УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ"- ШТИП Распишува

КОНКУРС
за избор на наставници на единиците во состав на Универзитетот 


1. ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ
1. 1 Наставник во сите звања за наставнонаучната област:
-Генетика и селекција на растителното производство- (1 извршител) за време од пет години 2.

ФАКУЛТЕТ ЗА ПРИРОДНИ И ТЕХНИЧКИ НАУКИ
2. 1 Наставник во сите звања за наставнонаучната област: -Архитектонско проектирање и дизајн и Пејзажна архитектура- (1 извршител) за време од пет години

3. МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА
3. 1 Наставник во насловно звање Доцент за наставнонаучната област: -Видови на инструменти (Труба)- (1 извршител) за време од пет години

4. ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА
4. 1 Наставник во насловно звање Доцент за наставнонаучната област: -ТВ сценарио- (1 извршител) за време од пет години
4. 2 Наставник во насловно звање Доцент за наставнонаучната област: -Филмска и ТВ режија- (1 извршител) за време од пет години
4. 3 Наставник во насловно звање Доцент за наставнонаучната област: -Продукција- (1 извршител) за време од пет години

5. ЛИКОВНА АКАДЕМИЈА 5.
1 Наставник во насловно звање Доцент за наставнонаучната област: -Средновековна византиска уметност- (1 извршител) за време од пет години

Критериуми за избор:
За доцент може да биде избрано лице кое има научен степен доктор на науки од научната област во која се избира, просечен успех од најмалку осум на студиите на прв и втор циклус за секој циклус посебно, објавени најмалку четири научноистражувачки трудови во соодветната област во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публикации или два научни труда во научно списание со импакт фактор во последните пет години, постигнувања во примената на истражувачките резултати и способност за изведување на одделни видови високообразовна дејност и позитивна оценка од самоевалуацијата.

Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев"- Штип -За вонреден професор може да биде избрано лице кое има научен степен доктор на науки од научната област во која се избира, објавени најмалку пет научноистражувачки трудови во соодветната област во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публикации или три научни труда во научно списание со импакт фактор во последните пет години, учество во научноистражувачки проекти, односно значајни достигнувања во примената на научноистражувачките резултати, придонес во оспособувањето на помлади наставници и кое покажало способност за изведување на разни видови високообразовна дејност и позитивна оценка од самоевалуацијата.

Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев"- Штип -За редовен професор може да биде избрано лице кое има научен степен доктор на науки од научната област за која се избира, објавени најмалку шест научноистражувачки трудови во соодветната областа во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публикации или четири научни трудови во научно списание со импакт фактор во последните пет години, кое учествувало или раководело со научноистражувачки проект и кое има придонес во оспособувањето на помлади наставници и кое покажало способност за изведување на сите видови високообразовна дејност и позитивна оценка од самоевалуацијата. Кандидатите треба да ги  исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев"- Штип. -За доцент, вонреден професор и редовен професор по стручноуметничките предмети може да биде избрано лице без научен степен доктор на науки, кое има завршено соодветно високо образование од втор степен, признати уметнички и стручни дела, односно остварувања кои се од особено значење за афирмација на културата и уметноста во и надвор од земјата, како и способност за наставна работа.

Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев"- Штип. -Афирмирани научници, стручњаци од практиката и уметници на високообразовна установа, кои ги исполнуваат условите за избор во звања, a за кои нема слободно место за избор во наставнонаучно, односно наставничко звање можат да се избираат во звањето насловен доцент и насловен вонреден професор, според условите и постапките утврдени со Законот за високото образование.

Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев"- Штип.

Распоред на работно време и плата:
-Дневно работно време од 08:30 до 16:30h.
-Неделно работно време 40 работни часа (од понеделник до петок)
-Основна нето плата за: Доцент38.143,00 ден.
-Вонреден професор 43.660,00 ден.
Редовен професор 50.311,00 ден;
Насловен доцент 700,00 ден. /час,
Насловен вонреден професор 800,00 ден. /час.

Потребни документи за кандидатите за избор во наставни и наставнонаучни звања:
-пријава; -диплома за завршено соодветно образование/ за одбранет магистерски/ докторски труд (еден примерок од дипломата оригинал и три копии заверени кај нотар; странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оцените);
-Уверение за положени испити на прв и втор циклус на студии
-кратка биографија (во четири примероци);
-список на објавени научни и стручни трудови
-по еден примерок од трудовите;
-потврда дека се служи со еден од светските јазици
-препорака од најмалку 2 (два) професора (вонреден/редовен) од соодветната научна област за која се врши изборотза кандидатите за избор во доцент
-препорака од претходниот работодавач (доколку кандидатот бил вработен)за кандидатите за избор во доцент -еден примерок од магистерски/докторски труд
-уверение за државјанство;

Конкурсот трае 5 работни дена од денот на објавувањето. Изборот ќе се изврши во рокот предвиден во член 131 од Законот за високото образование (до 6 месеци од објавувањето на конкурсот). Документите се доставуваат до архивата на: 1. Земјоделски факултетул. „Гоце Делчев" бр. 89, Штип 2. Факултет за природни и технички науки ул. Гоце Делчев бр. 89, Штип 3. Музичка академијаул. „Цветан Димов" бб, Штип 4. Филмска академијаул. „Генерал Михајло Апостолски" бр. 30 (Пионерски дом), Штип 5. Ликовна академијаул. „Крсте Мисирков" бр. 10A, Штип
Некомплетните документи нема да се разгледуваат