Времето денес и какво време не очекува до крај на неделата

Времето денес и какво време не очекува до крај на неделата



Во Македонија во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност, потопло и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозапаен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 45 км/ч.

Утринските температури ќе имаат благ пораст и ќе се движат од 0 до 10 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 9 односно до 19 степени.

Во Скопје во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветеровито и потопло. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 8 степени, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Во среда претежно сончево со локална облачност и релативно топло. Во источните предели со услови за слаби локални врнежи од дожд. Утринските температури од -1 до 9 степени, а дневните ќе достигнат до 10 односно до 20 степени.

Во четврток по студеното утро, во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Минималните температури од -3 до 7 степени, а дневните до 12 односно до 22 степени.

Во петок умерено облачно со повремени сончеви периоди и топло.

Во сабота претежно сончево и топло, со максимални температури кои ќе се движат од 14 до 25 степени.

Weather4all.com.mk