Европскиот парламент го призна извршениот геноцид врз Ромите за време на Втората светска војна

Европскиот парламент го призна извршениот геноцид врз Ромите за време на Втората светска војна

15 април 2015 година е означен како еден од најголемите историски моменти во историјата на Ромите. Европскиот парламент со убедливо мнозинство конечно ја усвои резолуција со која го признава "историскиот факт за геноцидот на Ромите кои се случи во текот на Втората светска војна" и заклучи дека „ Европскиот ден треба да биде посветена на сеќавање на жртвите на геноцидот на Ромите за време на Втората светска војна.“ Од огромно значење е фактот дека оваа резолуција, исто така, " ја подвлекува потребата за борба против анти-циганизмот на секое ниво и по секоја цена и нагласува дека овој феномен е особено насилен, повторлив и вообичаена форма на расизам".

 

Оваа резолуција е резултат на работата на многу ромски активисти и организации  кои што повеќе од 70 години се борат за судбината на Ромите, како и со право да бидат вклучени во европската историја.

Интернационалната Ромска младинска мрежа Тернипе се залага за ова прашање и признание многу години преку мобилизација на  стотици млади Роми и не-Роми, соработка со експерти, историчари, образовни институции и политички чинители. На 2 август 2014 година преку 1.000 млади луѓе  од 25 држави присуствуваа на комеморацијата која што се случуваше во Аушвиц – Биркенау по повод одбележување на 70-годишнината од геноцидот врз ромите. Една од главните цели на овој настан беше застапување за пошироко признавање на геноцидт кој што бил извршен врз Ромите, како и официјално признавање на 2 авгутс како Ден на сеќавање на ромскиот геноцид. Настанот се одржа под покровителство на Генералниот секретар на Советот на Европа, г. Торбјорн Јагланд, додека втората година се случи под Почесено покровителство на претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц.

Тернипе крајно ја поздрави оваа резолуција, во која Европскиот парламент потврдува дека '' 2 август беше избран од страна на ромските организации како ден за комеморација, а во чест на сите ромски жртви на геноцидот '' и дека признавањето „ ќе претставува важен симболичен чекор во борбата против анти-циганизмот, како и придонесот за општо познавање на историјата на Ромите во Европа. "

Претставниците на Европскиот Парламент ја искажуваат својата длабока загриженост за решавање на зголемениот Анти-циганизам, како што е јасно покажано преку анти-Ромските реторски  и насилни удари против Ромите во Европа, вклучувајќи и убиства. Ромскиот претставник од Европскиот Парламент Дамијан Драгичи, Романски член на групата С&Д, изјави дека правните средства не се доволни за да се спречаат тенденциите и дискриминацијата. Тој вели, „Има многу работи за правење. Анти-Циганизмот, како што кажа членот од општинската комисија Јурова […] е еден од најострите проблеми со кои се среќава Европа во денешницата. Ова беше широко прифатена политика на ниво на државните засегнати страни за многу долго време, затоа ова мора да престане.“ Ромската претставничка на Е.П. Сораја Пост, Шведски член на С&Д групата, кажа дека работната рамка на Ромската интеграција е доминирана од социјална политика и нема пристап до расизмот против Ромите. „[Овој вид на расизам] постои во сите држави членки и се движи кон сите нивоа на општеството. Пред да се справиме со анти-циганизмот, активностите во другите политички области нема да успеат да ја сменат ситуацијата на Ромите во ЕУ.“

Ова признание на појавата на анти-циганизмот од страна на Европскиот Парламент треба да биде проследено од долго чеканата обврска на сите Европски институции да се борат против анти-Циганизмот за да заврши Дискриминацијата врз Ромите.

Тернипе исто така го прифаќа усвојувањето на уште едно решение за стогодишнината на Ерменскиот Геноцид, за кое што гласаше Европскиот Парламент од страна на поголемиот дел, да се усвоји одлука за формално „придружување на комеморацијата на стогодишнината на Ерменскиот Геноцид  во Европски дух, солидарност и правда.“

Интернационалната младинска мрежа Тернипе е мрежа на млади и младински здруженија која креира простор за млади луѓе да станат активни граѓани преку зајакнување, мобилизација, учество и сопствена организираност. Тернипе верува на честите напори преку формирање на доверба, и заедничка почит меѓу Ромската и Не-Ромската младина.

Текстот на нацрт-резолуцијата е достапен на следниот линк:
http://www.europarl.europa.eu/sides/getDoc.do?type=MOTION&reference=B8-2015-0326&language=EN
Дебатата која што се случуваше на 25 март 2015 година можете да ја погледнете на следниот линк: http://www.europarl.europa.eu/sides/getDoc.do?pubRef=%2f%2fEP%2f%2fTEXT%2bCRE%2b20150325%2bITEM-024%2bDOC%2bXML%2bV0%2f%2fEN&language=EN
Видео од гласањето на резолуцијата:
http://ec.europa.eu/avservices/video/player.cfm?ref=I101438&videolang=INT&devurl=http%3A%2F%2Fec.europa.eu%2Favservices%2Fvideo%2Fplayer%2Fconfig.cfm

Автор: Сунаи Сабриоски