Оглас за вработување во Факултетот за информатички и комуникациски технологии- Битола

Оглас за вработување во Факултетот за информатички и комуникациски технологии- Битола

Врз основа на член 13 1 и член 136 став 5 од Законот за високото образование („Службен весник на РМ" број 35/08, 103/2008, 26/2009, 83/2009, 99/2009, 115/2010, 17/2011, 51/2011, 123/2012, 15/2013, 24/2013, 41/2014, 116/2014; 130/2014; 10/2015 и 20/2015) и член 39 став 2 од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучеи, наставни, научни, наставностручни и соработнички звања на Универзитетот „Св. Климент Охридски"- Битола, во врска со двете Иницијативи за предвремен избор на наставник во повисоко звање од Факултетот за информатички и комуникациски технологии- Битола, како и врз основа на двете Одлуки на Универзитетскиот сенат Бр. 14460/71 и Бр. 14460/72 од 15. 04. 2015 година за усвојување на Иницијативите за предвремен избор на наставник во повисоко звање од Наставнонаучниот совет на Факултетот за информатички и комуникациски технологии- Битола, Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Климент Охридски"- Битола распишува

КОНКУРС за избор на два наставници во сите наставнонаучни звања


1. За избор на еден наставник во сите наставнонаучни звања од областите: Бази на податоци (21203), Процесирање на податоци (21206), Програмски јазици и технологии (21201) и Биоинформатика и биоинженерство (21208).

2. За избор на еден наставник во сите наставнонаучни звања од областите: Програмски јазици и технологии (21201), Програмски јазици и системи (11003), Организација и методологија на проектирање на сметачки системи (хардверски системи, софтвер) (21207) и Софтверско инженерство (21208).

Кандидатите, покрај општите услови предвидени со Законот за работните односи, треба да ги исполнуваат и посебните услови предвидени во Законот за високото образование („Службен весник на РМ" број 35/08, 103/2008, 26/2009, 83/2009, 99/2009, 115/2010, 17/2011, 51/2011, 123/2012, 15/2013, 24/2013, 41/2014, 116/2014; 130/2014; 10/2015 и 20/2015) и во Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, наставни, научни, наставностручни и соработнички звања на Универзитетот „Св. Климент Охридски"- Битола од 26. 12. 2013 година, објавен на веб страната на Универзитетот.

Кон пријавата, кандидатите, во оригинал или во заверена копија кај нотар, ги доставуваат следниве документи: Биографија/CV Диплома за стекнат научен степен доктор на науки од научните области во кои се избира Список на научни и стручни трудови и по еден примерок од нив Уверение за државјанетво Извод од матичната книга на родените Извештај од самоевалуација за кандидатот. Почетокот, завршетокот и распоредот на работното време и паричниот износ на основната плата за наставник се променливи и се определуваат во согласност со актите на Факултетот, според распоредот на наставата во семестарот, ангажираноста и звањето во кое е избран наставникот (основна плата во нето износ: за доцент 29. 220 денари, за вонреден професор 31.455 денари и за редовен професор 34.649 денари).

Конкурсот трае 8 дена од денот на објавувањето, a пријавите со потребните прилози се поднесуваат до Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски"- Битола, на адреса: Булевар „1ви Maj" б. б. Битола, поштенски фах 100. Лице за контакт: м-р Офелија Христовска, 047 223 788 лок. 1 16. Ненавремени и некомплетни пријави нема да се разгледуваат. Универзитет „Св. Климент Охридски"- Битола