Оглас за вработување во Правниот факултет- Кичево
Врз основа на член 131, 132 и 123 од Законот за високото образование Службен весник на РМ" бр. 35/2008, 103/2008, 26/2009, 83/2009, 99/2009, 115/2010, 17/2011, 51/2011, 123/2012, 15/2013, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 130/2014, 10/2015 и 20/2015 и член 34 став 1, 5, 6 и 7 од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно- научни, наставни, наставно- стручни и соработнички звања на Универзитетот "Св. Климент Охридски"- Битола, Наставно- научниот совет на Правен факултет- Кичево, единица во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски"- Битола, распишува
КОНКУРС за избор на асистенти- докторанти
Правниот факултет- Кичево има потреба од:
I. Асистент- докторант од научната област: „Казнено право" (50804)- 1 извршител за време од 5 (пет) години;
II. Асистент- докторант од научната област: „Информатика" (11000)- 1 извршител за време од 5 (пет) години;
Критериуми за избор: За кандидатите од глава 1 и II при изборот ќе се применуваат критериумите за избор во асистент- докторант од член 123 и 125- a од Законот за високото образование Службен весник на РМ" бр. 35/2008, 103/2008, 26/2009, 83/2009, 99/2009, 115/2010, 17/2011, 51/2011, 123/2012, 15/2013, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 130/2014, 10/2015 и 20/2015).
Кандидатите од глава I и од глава 11, ќе бидат избрани во рокови кои се определени во член 133 и член 134 од Законот за високото образование Службен весник на РМ" бр. 35/2008, 103/2008, 26/2009, 83/2009, 99/2009 и 115/2010).
Кандидатите покрај општите услови предвидени со Законот за работните односи, треба да ги исполнуваат и посебните услови предвидени со Законот за високото образование условите предвидени во општите акти на Универзитетот и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно- научни, наставни, научни, наставно- стручни и соработнички звања на Универзитетот „Св. Климент Охридски"- Битола.
Почетокот, завршетокот и распоредот на работното време и паричниот износ на основната плата за асистент- докторант (во бруто износ: 40. 000, оо денари) се променливи и се определуваат во согласност со актите на Факултетот според распоредот на наставата во семестарот и ангажираноста на асистентот- докторант.
Кон Пријавата за Конкурсот кандидатите задолжително треба да поднесат:- Кратка биографија (во три примероци);
- Диплома за завршено образование, прв и втор циклус на студии во оригинал или копија заверена кај нотар;
- потврда за познавање на странски јазик и тоа (TOEFEL)- најмалку 74 бода за електронско полагање преку компјутер не постар од две години од денот на издавањето, (IELTS) -најмалку 6 бода не постар од две години од денот на издавањето, (TOLES)
- базично познавање (Foundational level), (1LEC
)- положен со успех најмалку Б2 (В2) и Кембриџ сертификат за прелиминарен англиски (CaMbridge Certificate of Preliminary English)- (BI);
- Извод од матична книга на родените;
- Уверение за државјанство.
Потребните документи кандидатите треба да ги достават во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на конкурсот, лично или преку пошта на адреса: Правен факултет- Кичево, на ул. „Рудничка" бб, со назнака: „За конкурсната комисија на Правниот факултет- Кичево" Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се земат на разгледување. ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ- КИЧЕВО