Потребен е практикант во канцеларија во Рим, Италија

Потребен е практикант во канцеларија во Рим, Италија


„Европски алтернативи“ објавува повик за пракса за млади во Италија. Практикантот ќе работи во областа на комуникациите или во администрација.

Кандидатите треба да зборуваат италијански и англиски јазик, да имаат знаење и страст за европски политики и култура, да имаат одлични вештини за пишување, да имаат диплома од поврзана област. Праксата трае најмногу 6 месеци. Практикантите добиваат 600 евра месечно.

Официјален повик.