Саемот за вработување и кариера Job Fair 2015 продолжува!

Саемот за вработување и кариера Job Fair 2015 продолжува!

По успешниот Job Fair Vol. 1 следува уште поуспешниот Job Fair Vol. 2

Бордот на Европски Студенти по Технологија-БЕСТ Скопје го организира единаесеттото издание на Саемот за вработување и кариера-Job Fair 2015 кое оваа година се одржува во две изданија. Првото издание се одржа од 9-11 март на Градежниот и Архитектонскиот факултет по кое следува и второто издание кое ќе се одржува од 5-7 мај на комплексот Технички факултети како и новитет од оваа година, на Факултетот за Дизајн и технологии на мебел и ентериер.

 

Саемот има за цел да им овозможи на студентите да остварат директен контакт со компаниите кои се во потрага по амбициозен и квалитетен работен кадар. Job Fair како проект на БЕСТ-Скопје, претставува одлична шанса за студентите да дојдат до работа или пракса во една од водечките компании во Македонија.

Во деновите кои се предвидени за штандови, компаниите ќе ја изложат својата работа, цели и потреби во однос на бараниот кадар, а студентите ќе можат да се информираат подетално, да постават прашања или лично да си го претстават своето CV.

Како и на првото успешно издание така и на ова, предвидени се и обуки и презентации од страна на компаниите на најразлични теми на кои студентите ќе можат бесплатно да присуствуваат.
 Job Fair Vol. 1 на Градежниот и Архитектонскиот факултет имаше голема посетеност и заинтересираност од страна на студентите. Во предвидените денови на штандови студентите стапија во контакт со компаниите учеснички меѓу кои беа и: “Геинг“, “Жикол“, “Трансмет“, “Адора“ и “Рапид Билд“. 

Сите заинтересирани студенти за работа или пракса можат да остават CV на нашата страна www.jobfair.org.mk , кое станува дел од нашата датабаза која е активна во текот на целата година и до која имаат пристап сите компании учеснички.

Бидете дел од Job Fair и направете чекор поблиску до вашата кариера!