Чилеанскиот вулкан предизвикал ударни бранови преку атмосферата

Чилеанскиот вулкан предизвикал ударни бранови преку атмосферата

Подготвил: Драгана Петрушевска

Во средата за време на попладневните часови еруптираше вулканот Калбуко во Чиле. Ерупцијата била толку силна што предизвикала ударни бранови во горниот дел од земјината атмосфера. Какви се овие ударни бранови? Наједноставно кажано, како камен фрлен во вода.


Сателитот „Suomi NPP“, проект на НАСА и Националната океанска и атмосферска администрација ги забележала брановите околу вулканот.

Блогот за сателитска метеорологија на Универзитетот во Висконсин објави уникатни слики од ерупцијата на кои таа изгледа како чад од нуклеарна експлозија.


Облакот од прав на вулканот стигнал до горната атмосфера како човек кој отскокнува на душек, предизвикувајќи ги брановите.



Инаку, ова е прва ерупција на вулканот после повеќе од 40 години. Тој еруптирал двапати во период од 24 часа, а биле евакуирани илјадници жители.