Најомиленото македонско семејство - 18 години подоцна!

Најомиленото македонско семејство - 18 години подоцна!

После 18 години отсуство, најомиленото македонско семејство од серијата “Умни Глави“ се враќа на ТВ екраните. Тие оваа сабота во 22.30ч на Алфа ќе бидат гости кај нивниот поранешен колега од серијата, Жарко Димитриоски, во популарното ток-шоу ”Еден на Еден“. Какво е чувството да се биде дете-ѕвезда во Македонија, што се случувало зад камерите на серијата, кои биле првите симпатии на актерите и како истото тоа семејството од серијата би изгледало денеска, се само дел од работите кои што ќе ги гледаме со “умните глави“.

Не чека една од најзабавните епизоди од оваа "Еден на Еден" сезона, според најавата која може да ја погледнете овде.