Не биди само број на индекс. Биди студент!

Не биди само број на индекс. Биди студент!


Вистинскиот студент не учи 24/7. Вистинскиот студент посветува еднакво време на надградување и пракса како и учење.

Вистинскиот студент не студира самостојно. Вистинскиот студент слуша предавања, учи и полага испити заедно со своите колеги и работи во тим.

Вистинскиот студент не секогаш го сака факултетот. Вистинскиот студент го сака студирањето.

Дали ти си вистински студент?

Доста беше од монотоност во студирањето. На студентите им е потребна динамика, пракса и дружба. Студентите треба да добијат и други вештини освен бубање и фаќање совршени белешки. Студентите не треба да чекаат до дипломска за да размислуваат за својата иднина. Студентите може да бидат успешни и додека се бруцоши.

Прифати го предизвикот и покажи дека си вистински студент кој не чека да дипломира за да тргне на патот кон успехот.

Испрати мејл на info@fakulteti.mk со назнака: „За предизвик“ во кој ќе ни пишеш зошто си подготвен за успех иако сè уште студираш.

Во следниве месец и половина нè очекуваат колоквиумски и испитни сесии, но и многу повеќе доколку станете дел од победничкиот тим. Секако, оние најуспешните и најупорните ќе добијат награди.

Пријавувањето трае до 29 април, а започнуваме веќе на 4 мај!

Факултетите во Македонија не се свесни што ги очекува.