Македонските јавни личности се приклучија во хуманитарна акција на Анима Мунди - За мачките со љубов

Македонските јавни личности се приклучија во хуманитарна акција на Анима Мунди - За мачките со љубов

Подготвил: Сунаи Сабриоски

Aукција на предмети од македонски јавни личности која пред се има хумана цел ќе се оддржи во недела, 26.04.2015 во  кафе Излет, со почеток од 13 часот. Граѓаните ќе можат да наддаваат за да ги освојат предметите од своите идоли, а воедно и да бидат хумани бидејќи сите добиени средства ќе бидат искористени за помош и стерилизации на бездомни мачки.
Сите учесници веќе ги донерале своите предмети кои ќе помогнат во собирањето на средства за стерилизацијата на бедомните мачиња.

 

„ Сите учесници веќе ни донираа свој, препознатлив, личен предмет/дело кој ќе биде изложен на аукција (за наддавање) и на тој начин ќе ни помогнат да собереме што повеќе средства за стерилизација на бездомни мачки и ја намалиме бројката несреќни, гладни, болни, тепани и убивани мачиња на улиците “. – информираат од здружение за заштита на животни „АНИМА МУНДИ“

  

Ова се само дел од предметите кои ќе бидат достапни – уникатен и потпишан дрес (кој воопшто го нема во продажба) од  Перо Антиќ, сувенир од златните денови на Дарко Панчев (слика со двојната круна на Црвена Звезда врз 9-ката на Дарко Панчев, потпишана), маица од големата музичка дива Калиопи со рачно нацртана мачка и потпис, репродукција од слика на Пикасо подарува актерката и големиот пријател на животните -Ирена Ристиќ, омилените, рачно изработени шољи и книгата „ Дневникот на хулиганот“ како подарок од Васил Зафирчев, Рубенс Муратовски  ја донира ја неговата омилена книга „Дон Кихот“, и една од своите омилени плочи „Immagine” од Џон Ленон, преубава јакна од новинарката Ана Јовкоска, маицата од филмот „Панкот не е мртов“ каде ја играл главната улога ја подарува актерот Јордан Симонов, лична и многу драга маица од Тони Зен, ЛД Пистолеро го подарува своето омилено капче и албумот „Рапаноја“ од Green Out,  кралицата на ромската музика Есма Реџепова подарува две свои музички компилации збогатени со нејзиниот потпис и шоља со нејзин лик, актерката Весна Петрушевска донира уникатни менѓуши рачно направени во Абу Даби, а актерката Амернис Нокшиќи  донира две маици кои нејзините две керкички ги  разубавија, нацртаа животни и од нив изготвија мали ремек дела.

Водител ќе биде Марко Новески кој со сигурност од овој настан ќе направи и убава забава, која ќе се раскажува.