Оглас за вработување во Балканска мрежа за развој на граѓанско општество

Оглас за вработување во Балканска мрежа за развој на граѓанско општество

БЦСДН бара заинтересирани кандидати за позицијата Соработник/чка за администрација и финансии што ќе ја поддржува финансиската и административната работа на Извршната Канцеларија на БЦСДН, вклучувајќи финансиско планирање/известување, поддршка на сметководствено работење и администрација и документација.

Оваа позиција е со полно работно време, со почетен договор во времетраење од 6 месеци. Идеалниот/ата кандидат/ка треба да има завршено високо образование во областа на економија, е-бизнис, менаџмент или слично,  да има минимум 3 години искуство во финансиска и административна работа, по можност во непрофитен сектор, и да има солидно познавање од англиски јазик. Познавање и искуство со буџетирање, посебно EU/PRAG правила, како и сметководствен софтвер (пр. Пантеон) ќе се смета за предност.

БЦСДН е на фронтот на развојот на граѓанското општество во регионот, и може да му/и понуди на идеалниот/ата кандидат/ка одлична можност за понатамошно развивање на знаењето и вештините поврзани со оваа област.

Ако сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме испратете ја вашата кратка биографија и кратко мотивационо писмо околу тоа зошто Вие сте најсоодветниот/ата кандидат/ка за оваа позиција на executiveoffice@balkancsd.net, најдоцна до четврток, 30ти април, 16 часот. Ве молиме ставете “Application for BCSDN Admin-Financial Officer” во полето за наслов. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат викнати на разговор. БЦСДН нуди еднакви можности за вработување. Детален опис на работното место, вклучувајќи ги и потребните квалификации, е достапен тука (ENG, MKD).