Совршената професија - бидете платени за да патувате

Совршената професија - бидете платени за да патувате

Подготвил: Драгана Петрушевска

Многумина се пресреќни доколку заштедат доволно пари за да патуваат. Некои, пак, се платени за да шетаат. Како фотографката Ријанон Тејлор.


Работата на 29-годишната Ријанон е патување низ светот и оценување на најдобрите хотели, кревети, базени и услуги. Таа има 12.000 следбеници на „Инстаграм“. Таму ги објавува фотографиите направени од своите патувања. Таа објавува речиси сè - креветот на кој спие, базенот во кој плива и храната која ја јаде.

Ријанон патувала низ целиот свет. Многу хотели ѝ плаќале за да преспие кај нив и да ги оцени, а многумина плаќаат за нејзините фотографии. Таа заработува и од компании кои продаваат производи поврзани со патување, како куфери или костими за капење.


„Со оваа работа се занимавам седум години и таа ме однесе во сите краеви низ светот. Пред една година започнав и да пишувам блог за ова“, вели таа.

Годинава на нејзината листа се Австралија, Нов Зеланд и некои азиски земји. Можете да најдете подобра професија од оваа?