Учествувајте на најголемиот настан за претприемачи во Австрија

Учествувајте на најголемиот настан за претприемачи во Австрија


„Авенијата на претприемништвото“ е најголем настан за стартапи во Австрија. Тој е создаден за да инспирира, охрабри и помогне на млади луѓе да започнат со сопствен бизнис. Еднодневната конференција е комбинација од говори, панел дискусии, награди, интервјуа за работа, работилници итн.

На конференцијата може да учествува секој кој сака да биде инспириран, охрабрен и поддршен во основањето сопствен бизнис. Конференцијата е бесплатна и организаторите обезбедуваат и престој за странските учесници.

Пријавете се најдоцна до 22 мај.

Официјален повик.