Живиот фосил за кој не сме свесни дека постои

Живиот фосил за кој не сме свесни дека постои

Подготвил: Драгана Петрушевска

Велвитчија е растение кое живее во пустините во Набимија и Ангола. Ова растение е единствен вид од фамилијата Welwitschiaceae. Латинското име му е welwitschia mirabilis и потекнува уште од времето на Мезозоикот, поради што се нарекува жив фосил.


Велвитчија е именувана по австрискиот ботеничар Friedrich Welwitsch, а била откриена од двајца научници во 1859 година. Бидејќи живее во пустина тоа е сукулентно растение. Водата ја собира преку коерните при дождови или преку кондензираната вода наутро. Бидејќе може да ја апсорбира кондензираната вода ова растение расте во места каде има честа појава на магла.

Растението е составено од три дела: корен, врат и два листа. Семињата се големи 36 на 25 мм и никнуваат при силен дожд. На почетокот се појавуваат две мали ливчиња кои се викаат котиледони и тие се присутни околу 4 месеци. Потоа почнуваат да растат вистинските два листа кои продолжуваат да растат целиот живот.


Валтвичија има само два листа во целиот нејзин живот. Овие листови може да бидат долги од 2- 4 метра. Од нивниот врат листовите растат нагоре.

Овој вид има машки и женски растенија. Поленот се размножува со помош на инсектите.

Возраста на овие растенија не може точно да се утврди, но некои истражувања велат дека некои единки се стари околу 2000 години.

Извор: Optimum Naturae