Договор меѓу средношколците и МОН не е постигнат

Договор меѓу средношколците и МОН не е постигнат

Подготвил: Драгана Петрушевска

Кампувањето пред Министерството за образование и наука продолжува (иако тукушто започна) бидејќи договор помеѓу МОН и Средношколскиот пленум не е постигнат. 


Средношколски пленум известуваше за развивањето на ситуацијата преку својата фан-страница на „Фејсбук“, а таму напишаа дека кампувањето ќе продолжи во Паркот за новинари бидејќи првата средба со МОН, која ја чекаа повеќе од еден месец, не беше позитивна. 

Средношколците се подготвени да спијат пред Министерството за образование и наука и веќе поставија кампови и останати потребни материјали спроти зградата. Тие создадоа средношколски фронт во паркот и го пренесоа бојкотот на наставата од училниците пред МОН за да добијат средба со Министерот за образование и наука, а сега продолжуваат со бојкотот и кампувањето додека не бидат задоволени нивните барања.

Погледнете како изгледаше отворањето на средношколскиот фронт пред МОН.