Изум ја претвора солената вода во пивлива само со сончева енергија

Изум ја претвора солената вода во пивлива само со сончева енергија

Подготвил: Драгана Петрушевска

На сите живи суштества на планетава, од растенија до луѓе, потребна им е вода за да преживеат. Но и пристапот до водата веќе не е толку лесен и едноставен како порано. На пример, луѓето во Калифорнија имаат ограничено користење вода. За среќа, некои од најпаметните луѓе во светот работат на случајот.


УСАИД неодамна ги прогласи победниците на наградата „Десал“, која е дел од натпревар за пронаоѓање најевтино решение за десалинација, односно отсолување на водата за неразвиените земји. Целта била да се создаде систем кој може да ја отстранува солта од водата и да биде евтин за користење, еколошки и да не троши многу енергија.

Победниците на првата награда вредна 125.000 долари била група од Технолошкиот институт во Масачусетс и „Jain irrigation systems“. Групата се сетила на метод кој користи соларни панели за полнење на батериите, кои потоа придвижуваат систем кој ја отстранува солта од водата преки електродијализа.

Едноставно кажано, ова значи дека разложените солени честички, кои се малку наелектризирани, се исфрлаат од водата кога е вклучена мала електрична струја. Згора на тоа, системот користи УВ-светлина за дезинфекција на водата која поминува низ системот.

Фактот дека сето ова функционира само на сончева енергија е неверојатен. Истрајноста и одржливоста се најбитни во неразвиените земји.