Како да го искористите најдоброто од Фејсбук Месинџер?

Како да го искористите најдоброто од Фејсбук Месинџер?

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Кога не сте на Фејсбук, веројатно стандардна процедура е апликацијата Месинџер на вашиот паметен телефон. Подолу ви нудиме неколку начини како да го искористите најдоброто од оваа апликација.

 

fab


1. Исклучување на нотификациите одреден период

 

2


Една од најголемите жалби за Месинџерот се ужасните нотификации. Меѓутоа, сега можете да ги исклучите доколку не сакате да ви пристигнуваат.

Треба да одите во Settings се` додека не видете „Messenger“ во вашата листа на апликации; отворете ја опцијата „Notifications“. Одлична опција е тоа што нотификациите можете да ги исклучите одреден временски период.

2. Избришете една порака

 

2


Наместо да го бришите целиот разговор, можете да избришете само една порака во целата порака. Едноставно притиснете и држете на делчето од разговорот кој сакате да биде избришан, се` додека не се појави опцијата „Delete“.

3. Видете дали пораката е прочитана

 

3


Фејсбук Месинџер ќе ви покаже доколку вашите пријатели ја примиле пораката од вас. Едноставно треба да видите што ќе се појави на десниот агол од екранот. Табелата погоре ви покажува како икончето се менува во зависност од тоа дали пораката е примена, доставена или прочитана.

4. Видете ја и сoкријте ја информацијата за локацијата

 

4


Месинџерот нуди неколку интересни услуги за локацијата. Ако услугата за локацијата е вклучена, тогаш возможно е да видите каде е некој кога ќе ја прочита вашата порака. За да ја видите локацијата, притиснете на пораката. Ако локацијата на личноста е овозможена, тогаш ќе се појави мапа.

За да ја одобрите услугата за вашата локација одете во Settings, потоа Privacy, а потоа Location Services. Одете надолу се` додека не се појави Messenger и оn/off location services.

5. Зачувување на групен разговор на Фејсбук за побрз пристап

 

6


Можете да го зачувате вашиот омилен Фејсбук разговор за побрз пристап под „Groups“. Се` што треба да направите е да кликнете на табчето, и да ја кликнете опцијата „Pin“ од лево и потоа да изберете кои Group Chats сакате да ги зачувате од групата.