Неделна временска прогноза: Какво време не очекува до крајот на скратената работна недела?

Неделна временска прогноза: Какво време не очекува до крајот на скратената работна недела?



Во Македонија во понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито.

Попладне зголемување на облачноста од запад. Па во крајните западни и северозападни предели во доцните попладневни часови ќе постојат услови за слаби локални врнежи од дожд.

Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер.

Температурите идентични како и денешните, па минималните од 4 до 13 степени, а максималните ќе достигнат до 16 односно до 26 степени.

Во Скопје во понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне зголемување на облачноста. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 10 степени, а максималната дневна ќе достигна до 23 степени.

Во вторник во Македонија ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Поинтензивни врнежи се очекуваат во источните и југоисточните предели каде ќе наврнат до 10 литри дожд.

Во среда и четврток ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, а во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со врнежи од дожд. Утринските температури од 3 до 14 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 11 односно до 23 степени.

Во петок умерено облачно со повремени сончеви периоди и топло. Но сепак да напоменеме дека постојат услови за развој на нестабилна облачност која може да услови локални врнежи од дожд.

Weather4all.com.mk