Оглас за вработување во Авторско правно биро на Р. Македонија

Оглас за вработување во Авторско правно биро на Р. Македонија

Друштвото за заштита на авторски права, Авторско правно биро на Р. Македонија е првата приватна авторска агенција која постои веќе 20 години.

Основната дејност на Друштвото се состои од пружање на правни и сметководствени услуги на поединци и правни лица кои имаат потреба од заштита или промовирање на авторското или другите сродни права.

Седиште: Бул. Кочо Рацин број 22, Скопје
Телефон: ++ 389 2 3 135 135
Друштвото за заштита на авторското и другите сродни права, Авторско правно биро на Р.Македонија, цк Дооел, Скопје, за потребите на својата дејност објавува оглас за вработување:

Работна позиција: Административен
Назив на работодавачот:
Друштво за заштита на авторското и другите сродни права, Авторско правно биро на Р.Македонија
Тип на вработување: Пробна работа во времетраење од 6 месеци, со можност за склучување на договор за вработување на неопределено време.
Краен рок за аплицирање:07.05.2015
Број на отворени позиции: 1

Опис на работното место:
Кандидатот е задолжен да врши електронска исплата користејќи SQL бази. Искуство со претходна работа со SQL бази не е потребно.

Воедно, кандидатот во соработка и координација со својот надреден:

1. Ќе биде одговорен за прием на повици и комуникација со странки и организирање на термини за состаноци, прием и одговор на маилови.
2. Одржување на документација и водење на евиденција
3. Асистирање во работењето на својот претпоставен
4. Одговорен и за други работни задачи по потреба

Потребни квалификации:
1. Кандидатот треба да има минимум завршено средно образование. ВСС ќе се смета како предност заради влез во потесниот изборен круг.
2. Минимум 3 години работно искуство на позиција асистент ќе се смета за предност.
3. Задолжително познавање и работа со компјутери, особено познавање на Microsoft Office (Word, Excel, Power Point), познавање и работа со Outlook.
4. Важечка возачка дозвола  

Лични карактеристики:

Од кандидатитот се очекува да биде:
1. Со голема желба и трпение за примање на нови знаења
2. Мотивирани, особено амбициозна, отворена и асертивна личност
3. Организирана, многу одговорна и прецизна личност
4. Доверлива и комуникативна личност  

Работно време: Понеделник до петок од 08.00 -16.00 часот. 40 работи часа во неделата.
Една смена: претпладне.  

Надомест за отворената работна позиција: 
Почетни и основни месечни примања во износ од 15.000 денари нето износ.  

Адреса за достава на апликации:
 vrabotuvanje@kozmab.com

Начин на аплицирање:  
Сите заинтересрани кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови, се повикуваат да го достават своето CV со мотивационо писмо на следнава маил адреса: vrabotuvanje@kozmab.com најдоцна до 07.05.2015 година.

Се известуваат сите заинтересирани кандидати да не поднесуваат докази за завршо образование и докази за исполнување на останатите услови. Потребната документација ќе биде побарана на увид само за кандидатот кој ќе биде избран.  

Напомена: Сите апликации доставени по изминување на рокот за пријавување нема да бидат земени за разгледување.

Изборот на кандидатите ќе се изврши согласно роковите определени во чл. 23 став (2) од Законот за работните односи ( Сл. Весник на Р. Македонија број 145/2014, 20/15, 33/2015).