Средношколците повикани на средба веднаш по поставувањето на камповите пред МОН

Средношколците повикани на средба веднаш по поставувањето на камповите пред МОН

Подготвил: Драгана Петрушевска


Како што најавија на последниот марш, средношколците се сместија во Паркот на новинари спроти Министерството за образование и наука денес нешто по 10:00 часот. Таму беа членовите на Средношколскиот пленум, но и останати средношколци, а и професори.

Веќе во 11:30 часот средношколците биле повикани на средба во МОН, известува Радио МОФ. Останува да видиме што ќе произлезе од средбата.

Во меѓувреме, погледнете како изгледаше отворањето на средношколскиот фронт во Паркот на новинари.