Напиши политички есеј и освој стипендија во вредност до 1000 евра

Напиши политички есеј и освој стипендија во вредност до 1000 евра



Факултетот за политички науки при УАКС распишува конкурс за Награда за најдобар политички есеј

Наградата се состои од годишна непренослива стипендија до 1.000 евра и сертификат за особено постигнување.

Есеите треба да се однесуваат на следната тема:
Политиката во служба на сите граѓани

Право на учество имаат сите студенти што пред 1 јули 2015 се запишале на додипломски студии на УАКС во областа на политичките науки.

Учениците од четврта година можат да побараат менторство од нивните средношколски професори (не е задолжително). Специјални сертификати ќе им бидат доделени на средното училиште и на менторот со најголем број пријавени ученици.

Сите ученици и нивните ментори ќе добијат сертификат за учество. За да се пријавите, испратете еден документ (во Ворд формат) со следните податоци напишани на англиски или на македонски јазик: име на средното училиште, име на менторот, име на ученикот, нивни податоци за контакт (адреса, телефон, електронска пошта), како и целосниот текст на есејот (500-1000 зборови, единечен проред, без слики или илустрации).

Посебна комисија составена од универзитетски професори ќе ги разгледа пристигнатите есеи, а авторите на најдобрите пет есеи ќе бидат поканети на јавен настан да го прочитаат својот есеј пред да се донесе конечна одлука за наградата. Сите заинтересирани ученици треба да ги достават своите есеи на адресата: essay@uacs.edu.mk најдоцна до 1 јули 2015 година.