Натпревар за најдобра фотографија

Натпревар за најдобра фотографија "Вики ја сака Земјата"

Во периодот од  01.05.2015 до 01.06.2015 ќе се одржи натпревар за избор на најдобра фотографија како дел од проектот Вики ја сака Земјата (англиски: Wiki Loves Earth; WLE) — натпревар на фотографии организиран од Википедија/Викимедија за спомениците на природата и заштитените природни подрачја.


 

Учесниците на натпреварот ќе имаат за цел да направат фотографии од, национални паркови, природни паркови, природни резервати и споменици на природата.

По завршувањето на натпреварот ќе бидат доделени награди во две категории: за најдобра фотографија и за најдобар придонесувач. Одлуката за тоа кои од учесниците во двете категории ќе бидат наградени, ќе биде донесена од страна на четиричлено стручно жири. Фотографиите што учествуваат во изборот за најдобра фотографија треба да исполнуваат одредени квалитативни барања како: резолуција, квалитет на бои, острина, перспектива, баланс и др. Петте најдобри фотографии ќе бидат наградени со следниве парични награди:

1. Прво место – 300 евра

2. Второ место 200 евра

3. Трето, четврто и петто место – 100 евра.

Во категоријата за најдобар придонесувач ќе биде вреднуван трудот на учесниците преку следниве критериуми: вкупен број на подигнати фотографии и вкупен број на опфатени објекти и предмети. Најдобрите пет придонесувачи ќе добијат парична награда од 100 евра.

Сите фотографии кои ќе бидат дел од натпреварот, истовремено учествуваат во меѓународниот избор на петнаесет најдобри фотографии на спомениците на природата и заштитените природни подрачја на светско ниво, во конкуренција со сите земји учеснички кои истовремено го спроведуваат истиот натпревар.

Деталните информации за натпреварот се објавени на следните врски:

http://wle.mk/
https://www.facebook.com/wle.mk?ref=hl