Откритие на Антарктикот може да ни помогне да најдеме живот на Марс

Откритие на Антарктикот може да ни помогне да најдеме живот на Марс

Подготвил: Драгана Петрушевска

Воздушно набљудување на навидум сува долина на Антарктикот открила нешто неочекувано под површината. Се работи за издан, односно непропустлив слој од карпи кој содржи вода. Откритието можеби ќе донесе одговори за живот во екстремните услови на Земјата, но и за живот на друго место во Сончевиот систем, особено Марс.


Течноста двојно посолена од морската вода била пронајдена на околу 300 метри под површината во регион познат како Тејлорова долина. Изданот се простира на површина од речиси 18 километри во источниот дел од долината. Бил пронајден и втор систем се поврзувал со езерото Бони.

Набљудувањето можеби довело до откривање на нешто што се наоѓа само на површината на нешто многу поголемо. Рос Вирџинија, еколог од колеџот „Дармут“ за „Дискавери“ изјави:

- Ова покажува дека овој екосистем е голем и поврзан. Би можело да има многу, многу големи системи под површината низ антарктичкиот регион.

Згора на тоа, научниците кои стојат зад истражувањето откриваат дека во водата е возможен живот. Во своето истражување посочуваат дека биле тестирани само неколку примероци, но во сите животот бил возможен.

Порано овој месец, научниците со помош на роверот „Кјуриосити“ на Марс пресметале дека условите на планетата биле совршени за постоење на солена вода под површината. На тој начин, откритието на Антарктикот станува значајно за наоѓањето живот на Марс.

Можеби Марсовците кои толку долго ги бараме се кријат токму под површината.