На кафе со балканскиот крал на магазините... Регистрирајте се!

На кафе со балканскиот крал на магазините... Регистрирајте се!



Поради неодложни обврски на Г-динот Роберт Чобан, 10 - тото Бизнис кафе Македонија е презакажано за 26 ти мај, од 18:00 часот во Brooklyn Lounge Bar (поранешно Arabesque), се извинуваме поради настанатата промена! Благодарам на разбирањето!

Бидете дел од 10 - тото Бизнис Кафе Македонија кое ќе се одржи на 26-ти мај од 18.00 ч. Во Brooklyn Lounge Bar (поранешнa Arabesque), на кое ќе имате можност да ги чуете искуствата за патот кон успехот од Г-динот Филип Ивановски (директор на Пакомак www.pakomak.com.mk ), Г-а Марина Анчевска (основач и генерален менаџер на Центарот за бизнис психологија – Системски НЛП www.centerbpsee.com) и Г-динот Роберт Чобан

(Oсновач и претседател на медиумската куќа Color Press Group од Србија www.color.rs ).

Дружењето трае 2-3 часа во четврток од 18.00 часот. Првиот час е резервиран за гости успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.

Учесниците на бизнис кафето добиваат еден пијалок (кафе,вода, сок) од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speed dating – от!!!

Влезниците по промотивна цена од 200 денари(важи само за СТУДЕНТИ) може да се уплатат на жиро сметка на Актива Вел Дооел Скопје. Откако ќе се пријавите за учество ќе бидете контактирани за следен чекор за уплатата.