Неверојатни мапи и статистики за јазиците низ светот

Неверојатни мапи и статистики за јазиците низ светот

Подготвил: Драгана Петрушевска

„Вашингтон пост“ неделава објави статија која ве остава без зборови. Се работи за статистики поврзани за јазиците ширум светот.


Така, дознаваме дека некои континенти имаат повеќе јазици од другите. Европа има најмалку. Најмногу јазици има во Азија (2.301), па Африка (2.138), па Пацификот (дел од Азија и Австралија) (1.300), Јужна и Северна Америка (1.064), па Европа (286).


Некои јазици се мајчини на многу повеќе луѓе. Овде повторно води Азија, поточно кинескиот јазик. Кинескиот јазик е мајчин јазик на најмногу луѓе, па Урду, па англискиот.


Многу популарни јазици се зборуваат во повеќе од само една земја. Англискиот, францускиот и шпанскиот јазик се најраспространетите јазици.


Англискиот се користи како формален јазик на многу места. Поточно, во 35 земји.


Поголемиот дел од јазиците се зборуваат само од мал број луѓе. Токму затоа речиси половина од јазиците низ светот ќе исчезнат до крајот на векот.


Кога станува збор за учењето јазик како странски, англискиот дефинитивно води бидејќи има дури 1,5 милијарди „фанови“.