Повик за учество на меѓународен симпозиум во Загреб

Повик за учество на меѓународен симпозиум во Загреб


Клубот на студенти-социолози „Дискрепанција“ од Загреб објавува повик за истражувачки проекти за меѓународниот симпозиум „Природа и општество: Култура, развој и околина“, кој ќе се одржи од 10 до 13 ноември годинава на Факултетот за општествени и социјални науки во Загреб.

Симпозиумот е отворен за сите студенти, млади експерти и истражувачи кои се заинтересирани во областите на социологијата или културолошките и хуманистички студии. Учеството е бесплатно, а учесниците ќе добијат обезбедено сместување.

Пријавувањето трае до 5 октомври.

Официјален повик.