Како ќе изгледа користењето на компјутерите во иднина?

Како ќе изгледа користењето на компјутерите во иднина?

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

На конференцијата Build 2015, Мicrosoft претстави како би можело да изгледа користењето на компјутери во иднината.

 

моб


Една од интересните новости е тоа што наскоро вашиот мобилен телефон може да го замени компјутерот и лап топот, односно вашиот компјутер ќе го држите во џебот бидејќи вашиот мобилен ќе биде ваш мал десктоп компјутер.

Новитетот кај Windows 10 се нарекува Continuum и ви овозможува сликата од малиот екран на мобилен да ја префрлите на големиот екран на телевизорот или на мониторот од десктоп компјутер со помош на глувче и тастатура. Покрај тоа, Windows ќе го менува прикажувањето во зависност од уредите кои ги користите. На пример, ако имате Windows на таблетот, апликацијата ќе се појави на целиот екран, но ако Windows препознае дека имате приклучено маус или тастатура, тогаш апликацијата ќе се префрли на десктоп начин на работење.

Идниот Windows 10 мобилен телефон ќе има ист код како и кај компјутерите со што ќе можете преку bluetooth да го поврзете со мониторот, тастатурата или глувчето и на тој начин на него да работите како на компјутер.

Од Microsoft велат дека се`уште не постои хардвер за Continuum, односно дека мораат да произведат мобилен со поддршка за двоен екран.