Конкурс за поезија и расказ на тема Скопје 2014

Конкурс за поезија и расказ на тема Скопје 2014



СПЕКТРУМ – македонско-хрватското здружение за афирмирање на културните вредности и врски, како дел од проектот Македонските денови во Загреб 2015 отвора конкурс за:

ПОЕЗИЈА И РАСКАЗ

Темата на конкурсот е Скопје 2014, а поттемите се: Мозаик на културни моменти, Метаморфози на идентитетот, Другост и други.

Услови на конкурсот:
1. Во конкурсот може да учествуваат македонски поети и писатели аматери до 35 години, коишто досега немаат објавено збирка поезија или раскази,
2. На конкурсот треба да се испратат најмногу 5 страници поетски текст, т.е. расказ до најмногу 5 страници, во фонт Times New Roman, големина на насловот 14, болд, големина на текстот 12, проред 1,5,
3. Со пријавата, потребно е да се наведе доб и точна адреса на живеење та е-меил контакт, преку кој ќе бидат известени победниците,
4. Текстовите не се враќаат,
5. Жирито е составено од 3 (тројца) членови – двајца се членови на Здружението СПЕКТРУМ – македонско-хрватското здружение за афирмирање на културните вредности и врски, и еден хрватски писател и критичар,
6. Ќе ги контактираме исклучително кандидатите што ќе победат на конкурсот,
7. Рок за праќање на поезија и раскази е 30 јуни 2015,
8. Поезија и раскази треба да се испратат исклучително на меилот: natjecaji.spectrum@gmail.com

Македонско-хрватското здружение за афирмирање на културните вредности и врски СПЕКТРУМ регистрирано е 2005 г. со седиште во Загреб. Здружението е независна, непрофитна и невладина организација, заснована со цел да се зголемат културните вредности и пријателството меѓу Република Македонија и Република Хрватска, зачување на културна традиција и развивање соработка на рефионална и поширока почва.

Во таа смисла, Зружението СПЕКТРУМ го организира проектот Македонските денови во Загреб 2015, што ќе се одржи во ноември 2015 година. Како дел од наведениот проект, ќе се одржи и доделување на наградите за најдобра поезија и расказ.

Победниците ќе бидат известени до 15 септември 2015 и ќе учествуваат во реализација на проектот во книжевен клуб БООКСА, Мартиќева 14д, 10 000 Загреб. Во таа прилика ќе им бидат доделени награди за прво место. Второ и трето пласирани ќе бидат известени за успехот. Патните трошоци во вид на повратен билет, како и сместување во хостел на победникот во целоста ќе му обезбеди Здружението СПЕКТРУМ