Најдобрите веб страни за пронаоѓање работа за инженери во странство

Најдобрите веб страни за пронаоѓање работа за инженери во странство

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Доколку сакате да успеете во индустријата на инженерството меѓутоа надвор од Македонија, потребно ви е да знаете каде можете да ја пронајдете работата што ја барате.

 

страни


Проверувањето на веб страните на компаниите е доста напорно, такашто како инженер во подем, потребно е да најдете поефикасен начин за пребарување на работни места низ светот. За да ви го олесниме процесот, ви нудиме неколку веб страни кои ќе ви помогнат да најдете работа во другите земји. Напоменуваме дека на овие веб страни Македонија не е вклучена во земјите за работа.

EngineerJobs.com - Ова е една од најпосетуваните страни од инженерите и една од најголемите веб страни која нуди работа за инженерите.

Страната може да се пофали со импресивни 300.000 работни места од најголемите и најиновативните комапнии низ целиот свето. „Cannon“, „Mitsubishi“, „HDR“, „SpaceX“ и „ThyssenKrupp“ се само дел од компаниите кои активно регрутираат преку оваа страна.

Тhe Engineering Daily - Целта на оваа страна е едноставно да биде најкорисниот и најпродуктивниот медиум за инженери. Бесплатна за регистрирање, страната објавува информативни статии за минатото, сегашноста и иднината на индустријата, како и интересни тестови за мозокот.

Исто така, можете да пронајдете илјадници работни позиции од комапнии од целиот свет, а можете и да си направите профил на кој во детали ќе го опишете вашето искуство во инженерството и ќе ги оставите вашите контакт информации за било која од компаниите кои бараат нов талент.

USAJOBS - USAJOBS е официјалниот претставник на одборот за работа на федералната влада на Америка. Земајќи го во предвид фактот што владата потроши околу 23.6 милијарди долари за проекти во инженерството, паметно е да ги погледнете работните позиции што ги нуди оваа страна.

Во прилог на страните погоре, би било паметно доколку ги посетите страните LinkedIn, Мonster и Indeed.