Најдобрите интернет-страници за работа во фармацијата

Најдобрите интернет-страници за работа во фармацијата

Подготвил: Драгана Петрушевска

Фармацевтската индустрија е една од најброз растечките во светот. Во неа дејствуваат едни од најбогатите и најпрофитабилните компании во развиените земји. Истиве овие компании речиси постојано имаат потреба од нови луѓе за работа. Огласите може да ги најдете на некоја од следните интернет-страници.


Medzilla

Ова е страница посветена ексклузивно на сè од областа на биотехнологијата, а на неа може да се најдат повеќе од 7.500 огласи за вработување во поврзана област, меѓу другото и фармацијата. Поголемиот дел од огласите овде се за луѓе со претходно искуство.

Pharmiweb

Овде може да најдете само огласи за вработување од областа на фармацијата, а има бројни можности за работа онлајн. Најдете огласи за вработувања во САД, Велика Британија, Европа и Азија.

Дополнителни интернет-страници

Покрај овие, кои се специјализирани во областа, огласи за вработување се наоѓаат и на:

- „Linkedin“ - најголемата професионална социјална мрежа нуди и огласи за вработување. Секоја од компаниите кои се дел од мрежата ги објавува своите огласи овде.

- „Monster“ - овде ќе најдете многу извори за потрага по работа, како и водичи за пишување резиме или успешно одење на интервју за работа.

- „Indeed“ - тоа е една од најпознатите места за барање огласи за вработување. Моментално на неа има повеќе од 70.000 огласи за вработување поврзани со фармацијата ширум светот.