Дали онлајн курсевите се почетокот на крајот за обичните традиционални универзитети?

Дали онлајн курсевите се почетокот на крајот за обичните традиционални универзитети?

Опциите на студентите за добивање на универзитетска диплома варираат во зависност од типот на школото кое го избрале. Студентите денес можат да запишат традиционален универзитет, но и паралелно да студираат на онлајн универзитетот.


Еден аспект што останува непроменет е крајната цел - студентите го избираат и онлајн и традиционалниот универзитет, со цел да се стекнат со диплома!

Студентите согледуваат дека и во двата случаи, околината за учење е многу различна: oнлајн курсевите им овозможуваат на студентите многу опции, кои можат да ги потиснат традиционалните универзитети, а тоа за нив да значи почеток на крајот.

Закажување

Иако администрирање на онлајн курсевите ќе варира од курс до курс, тие сепак им се полесни на студентите кога треба да ги закажат своите активности. Виртуелниот клас може да биде закажан за време на обичен работен ден или за време на викенд, додека традиционалните часови можат да се одржат еднаш или повеќе пати во текот на неделата во определено време и на определено место.

Повеќето онлајн курсеви честопати вклучуваат собири во онлајн чат-околина, а присуството не би требало да биде проблем бидејќи студентите можат да закажат час (да се чекираат) во секое време.

Комплетирањето на програмата може да трае и повеќе од четирите години потребни за да се добие диплома од традиционалните универзитети.

Интеракција

Колеџите и универзитетите се полни со студенти кои се преместуваат од училница во училница. Онлајн курсевите се начин да се избегнат гужвите и турканиците на кампусите. Едно нешто што треба да се има на ум е дека студентите кои ги користат онлајн курсевите, можат да комуницираат со другите студенти и професори на повеќе начини - најчестиот начин е со испраќање на е-маил или онлајн чет сесија.

Како и да е, луѓето кои не сакаат да бидат во поголем група студенти, можат да изберат да ги одржуваат часовите покомотно, во домашна атмосвера. Типот на интеракција која студентите ја имаат, сепак зависи од нивните преференци.

Ресурси

Ресурсите кои се достапни за онлајн курсеви се малку различни од традиционалните колеџ и универзитетски курсеви. Стандардниот онлајн универзитет е типично поевтин од традиционалниот, поради тоа што онлајн курсевите немаат простории кои треба да се одржуваат.

Универзитетите и колеџите имаат библиотека, фискултурни сали, студентски домови, мензи итн. Тие се дел од цената која студентите ја плаќаат во облик на партиципација за одржување на просториите. Луѓето кои немаат потреба од овие простории ќе имаат голема заштеда и придобивки со користењето на онлајн курсевите. Еден аспект од овие бенефиции е користењето на голем број на алатки за учење достапни онлајн.

Бенефити

Студентите индивидуалци, кои немаат време да посетуваат традиционален универзитет, можат да запишат различни курсеви, кои соодветствуваат на нивната потреба - честопати се случува часовите да бидат или рано наутро или доцна навечер.

Друга бенефиција за корисниците на онлајн услуги е што не мораат да го напуштат својот дом за да присуствуваат на часовите. Луѓето кои сакаат да напредуваат во својата кариера, а во исто време и да се надградуваат, дефинитивно ќе имаат голема корист од онлајн курсевите.

Традиционалниот универзитетски модел најверојатно ќе биде присутен подолго време, тоа останува неоспорен факт. Но сепак, достапноста на онлајн курсевите ќе предизвика состојба каде помалку луѓе ќе одат на традиционалните универзитети и колеџи, а повеќето ќе комбинираат онлајн програми за надоградба на своето знаење и усовршување на вештините.


Cultus