Лето во Македонија! Прогноза за цела недела

Лето во Македонија! Прогноза за цела недела



Во Македонија во вторник ќе биде сончево и многу топло, со температури кои се невообичаени за овој период од годината. Слаб ветер од променив правец, малку посилен ветер ќе дува во југозападните предели.

Температурите ќе бидат во пораст. Утринските ќе се движат од 7 до 18 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 22 односно до 33 степени. УВ инднекот ќе има вредност 7, затоа бидете внимателни на изложеноста на сонце.

Во Скопје во вторник ќе биде сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна до 30 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА

Во среда во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со високи дневни температури кои ќе се движат во интервал од 24 до 35 степени. Од четврток промена на временската состојба и следува период на пад на температурите.

Во четврток умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Умерено облачно со сончеви периоди во текот на целиот ден ќе биде само во западните предели.

Во петок претежно сончево. Утринските температури од 4 до 15 степени, а максималните дневни температури до 17 односно до 28 степени.

Нестабилно со локални врнежи од дожд ќе биде и во сабота. Дневните температури непроменети и ќе се движат во интервал од 17 до 28 степени

Weather4all.com.mk