Скриени авоински трошоци кои треба да ги земете во предвид кога патувате

Скриени авоински трошоци кои треба да ги земете во предвид кога патувате

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Во последниве години, беа поставени нови прописи за авиокомпаниите да ја откријат целосната цена на авионскиот билет.

 

`


Пред тоа, авиокомпаниите и препрорадавачите рекламираа навидум ниски цени без да ги откријат дополнителните трошоци се` додека патникот не го помине напорниот процес и не е подготвен да плати. Сега кога се изложени целосните цени, голем дел од патниците веруваат дека тоа е се` што треба да се плати. Меѓутоа, тоа не е случајот. Повеќето авиокомпании сепак пронајдоа начин да добијат повеќе пари од патниците. Па затоа треба да внимавате на сите дополнителни трошоци кои ќе излезат кога патувате со авион.

1. Трошоци за багажот

Секој знае дека повеќето авиокомпании наплаќаат за чекираните торби. Она што патниците не го сфаќаат е дека повеќето авиокомпании наплаќаат повеќе за секоја чекирана торба. Постојат и авиокомпании кои наплаќаат екстра за носење багаж во авионот.

2. Резервации преку телефон


Денес, повеќето резервации се прават онлајн. Но, доколку некој сака да разговара со агент за да купи билет, ова чини повеќе. Секоја авиокомпанија наплаќа од 10 до 35 долари за луксузот на користење на телефонот.

3. Летање со приоритет

Никој не сака да стои долго време во редица и да чека да биде повикан. Затоа постои приоритетот во летање кој им овозможува на поедниците да се качат пред другите патници. Но, треба да се земе во предвид дека авиокомпаниите наплаќаат од 40 долари нагоре.

4. Избор на седиште

Голем дел од авиокомпаниите наплаќаат различно во зависност од тоа дали станува збор за седиште до прозорецот, на средина или на крајот. Оние кои сакаат да си го изберат седиштето треба да платат многу повеќе.

5. Трошоци на промена

Треба да летате подоцна? Тоа ќе ве чини дополнително пари. Повеќето авиокомпании наплаќаат од 50 до 70 долари за промени. Оние кои сакаат да го променат летот за друг ден, подобро да купат нов билет отколку да платат над 200 долари.

6. Услуги во текот на летот


За долгите летови потребна е поголема забава. Никој не го знае ова подобро од самите авиокомпании. Тие нудат музика, филмови и друг вид на забава меѓутоа поголемиот дел од нив сето ова го наплаќаат.

7. Други трошоци

Некои трошоци се очекувани, меѓутоа некои авиокомпании имаат воспоставено трошоци кои немаат никаква смисла. Така на пример луѓето кои сакаат да патуваат со спортска опрема во некои авиокомпании треба да платат плус 75 долари.