Објавен е добитникот на второто АУДИ А3 од наградната игра на Т-МОБИЛЕ

Објавен е добитникот на второто АУДИ А3 од наградната игра на Т-МОБИЛЕ

Арсо Нестороски од Струга е вториот добитник на Ауди А3 од наградната игра на Т-Мобиле. Нестороски ја освои вредната награда само со едно надополнување на својата при пејд картичка во вредност од 300 денари. Добитникот Арсо Нестороски, кој е семеен човек и има две ќерки, Јасмина и Даниела, веќе долги години е корисник на услугите на Т-Мобиле и Македонски Телеком. Сосема случајно дознал за наградната игра и решил да си ја проба среќата. Ја надополнил сметката за 300 денари и иако воопшто не очекувал, среќата навистина му се насмевнала и Аудито А3 стаса во неговото семејство.

“Досега неколкупати сум бил учесник на разни наградни игри, но морам да признаам дека првпат сум добитник на награда и тоа не на било каква, туку станав среќен сопственик на луксузен автомобил Ауди А3. Тој дојде како „кец на десетка“ бидејќи автомобилот кој веќе го поседуваме е стар и не е во возна функција, па така секој пат кога имав потреба го позајмував автомобилот на зетот. Сега ќе ми биде драго и јас да можам да му го позајмам новиот автомобил кога тој ќе посака“ вели Арсо, кој возбудено ги раскажа деталите околу неговото учество на наградната игра на векот.



Иако е добитник на второто Ауди А3 од наградната игра на Т-Мобиле, веќе повторно ја надополнил својата сметка, бидејќи како што вели и самиот, не знаете кога среќата ќе го посети вашиот дом. Арсо додава дека ќе продолжи и понатаму да ја надополнува својата припејд сметка, за да собере најмалку 3 клуча, со цел да учествува во извлекувањето на главната награда Порше Кајман, кое доколку го добие, вели дека ќе го подари на своите ќерки.

„Наградната игра на векот“ на Т-Мобиле трае до 30 мај. Шансите за учество во наградната игра сè уште се големи, бидејќи преостанува извлекување на уште еден автомобил Ауди А3, планирано за 17 мај во рамките на емисијата „Во недела попладне“ на Алфа ТВ. Додека, извлекувањето пак на главната награда Порше Кајман ќе се случи на 31 мај во истата емисија.

Правилата на игра се едноставни и важат за сите нови и постојни припејд корисници. Доволно е корисниците да се регистрираат бесплатно на 1469 и да ја дополнат припејд сметката со ваучер од 300 денари, со кој освен кредит за разговори, SMS и интернет, добиваат и клуч за учество во извлекувањето на последното Ауди А3. За да се учествува во извлекувањето на главната награда, пак, треба да соберат 3 клуча (да се дополнат најмалку три ваучери од по 300 денари), со кои се добиваат три шанси за учество во извлекувањето.

За сите оние коишто сакаат да се вклучат во наградната игра, но не се припејд корисници на Т-Мобиле, постои дополнителна поволност. Во рамките на промотивната понуда „Припејд Дуо“, по цена од само 295 денари, корисниците добиваат пакет од 2 СИМ картички, при што секоја од нив е со вклучени разговори и SMS пораки во вредност од 10.000 денари, коишто може да се искористат кон сите T-Mobile и Т-Home корисници во период од 30 дена.

Повеќе информации за наградната игра може да се добијат на на www.t-mobile.mk, на 122 или во најблиската Телеком продавница.