Како изгледаат детските игралишта низ светот

Како изгледаат детските игралишта низ светот

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Фотографот Џејмс Молисон создава провокативни концепти кои не` предизвикуваат да ги прошириме нашите социјални и еколошки ставови за светот. Неговата книга наречена „Playground“ се фокусира на уникатните детски игралишта низ светот.

 

deca


Со убави и моќни спомени од овие места, Молисон се прашува како искуството на овие игралишта влијае врз другите луѓе од целиот свет.

„Тоа е место на возбуда, игри, силеџиство, смеење, солзи, задевање, забава и страв“, пишува тој во книгата. Молисон патуваше низ целиот свет за да ги фати посебните моменти на децата во игра за време на одморите во училиштата. Неговите патувања го однесоа во 13 земји вклучувајќи ги Бутан, Израел, Индија, Аргентина и Америка. Секоја фотографија во книгата е придружена со детален опис од антрополог. 

 

Линк до галеријата.