Koи се најконкурентните индустрии за новите дипломци?

Koи се најконкурентните индустрии за новите дипломци?

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Дипломирањето на факултет е една од највозбудливите, но истовремено и една од најзастрашувачките работи кај еден студент бидејќи севкупните понуди за работа на пазарот на трудот стануваат се` покомплицирани со текот на времето.

 

работа

 

Понудата за работа е прилично динамична и конкуренцијата за вработување станува се` потешка. Како и да е, со оглед на растечката економија, дипломата од факултет вреди.  Иако овие податоци може различно да се интерпретираат во зависност од перспективата, бројот на дипломирани студенти во 2015 година е по позитивен во однос на претходните години, а постои и мноштво на индустрии кои се во потрага на скоро дипломирани студенти.

Пополнување на слободни работни места

Неодамна, едно истражување од друштвото за управување со човечки ресурси ги анкетира лидерите на човечки ресурси од неколку компании од различни индустрии со цел да се утврди распространетоста на организациските вработувања на новите дипломирани студенти во 2015 година. Испитаниците изјавија дека професиите како што се трговски претставници, сметководство, професионалци за финансии, професионалци за човечки ресурси и администартивен персонал за поддршка и услуги на клиентите беа полесни позиции за пополнување со дипломираните студенти од 2015 година. Професиите кои бараат повисоко ниво на вештини како што се научници, занаетчии, инженери, техничари и програмери се се` потешки за пополнување.

Топ плаќање и побарувачка

Според извештајот на Националната асоцијација на факултети и работодавци, работата во финансии, сметководство, компјутерски науки се професии кои се во најголема побарувачка. Од испитаните работодавачи, 57.4% се изјасниле дека ќе вработат дипломирани студенти чијашто експертиза се финансиите, 56.1% изјавиле дека ќе вработат сметководители, а 53.8% изјавиле дека бараат специјалисти за компјутерски науки.

Истражувањата покажуваат дека понудата за квалификувани кандидати е се` пониска, и токму поради ова за менаџерите за вработување е поголем предизвик да ги пополнат професиите како што е инженерство, компјутерските науки и математиката.

Сумирано, слободните работни места во индустриите како финансиите, сметководството, продажбата, човечки ресурси и услуги на клиентите имаат тенденција да бидат најконкурентни. Со зголемувањето на дипломираните студенти, дипломците ќе мораат да се докажуваат преку практикантската работа.