Што му се случува на телото кога јадеме само органска храна?

Што му се случува на телото кога јадеме само органска храна?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Повеќето од нас ќе се согласат дека органската храна е подобра за телото отколку зеленчукот и овошјето прскани со пестициди. Но, факторите како цената на неорганската храна се тешки за игнорирање.


Шведскиот ланец продавници „Coop“ од 1980-те години работи на едукација на потрошувачите за поволностите на јадењето органска храна, помагањето на фармерите да започнат да одгледуваат органска храна и предизвикувањето на политичарите да дејствуваат за да се зголеми производството на органска храна во Шведска.

Најновиот нивни проект е еден експеримент со кој се покажуваат сите поволности. Едно семејство учествувало во тринеделен експеримент во кој започнало да јаде само органска храна. Првата недела, сите членови на семејството јаделе обична, неорганска храна и истражувачите земале примероци од нивната урина секој ден. Во нивните тела биле најдени 8 од 12-те најчести пестициди.

Потоа, семејството започнало да јаде само органска храна и продолжило да се храни органски уште две недели. Секој ден се земале нови примероци од нивната урина и по неколку дена, речиси сите пестициди исчезнале од нивниот систем.


Може да продолжиме да дебатираме за пестицидите и нивните штетни или добри страни, но методот со кој директно се покажуваат ефектите се чини прилично ефективен и доволен за нас.