Викенд временска прогноза... Какво време не` очекува на почетокот на наредната недела?

Викенд временска прогноза... Какво време не` очекува на почетокот на наредната недела?



Не` очекува нестабилен викенд каде што главна карактеристика ке бидат врнежите од дожд и падот на температурите.

Во сабота во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Попладне зголемување на облачноста и развој на нестабилност која што ќе доснесе врнежи од дожд и грмотевици. Локално со услови за појава на невреме.

Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен и источен ветер. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 17 до 26 степени.

Во Скопје во сабота претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна до 21 степен.

И вториот ден од викендот ќе го започнеме со умерено облачно време со сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Локално можна е појава на невреме.

Во понеделник ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд и посвежо со пад на дневните температури. Во доцните попладневни часови врнежите ќе престануваат. Утринските температури од 8 до 16 степени, а максималните дневни од 12 до 18 степени.

Од вторник, не очекува период на стабилизирање на времето и пораст на дневните температури.

Во вторник претежно сончево со локална облачност и дневни температури од 16 до 25 степени, а во среда сончево и потопло со максимални температури до 19 односно до 28 степени.

Weather4all.com.mk