Размислете два пати пред да постирате на социјалните мрежи

Размислете два пати пред да постирате на социјалните мрежи

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Социјалните мрежи се како возење: Секој сака да биде на патот, но не на секој треба да му биде дозволено да биде позади тркалото.

Откривањето на социјалните медиуми даде можност да биде присутен секој оној кој има меил адреса и може да направи профил. Денес, некои луѓе не ја гледаат врската помеѓу она што можат да го споделуваат на социјалните мрежи и како тоа ја обликува нивната онлајн репутација.

Нема ништо лошо во споделувањето на вашите мисли на социјалните мрежи. Важно е да ја контролирате вашата онлајн репутација и да не постирате бесмислени работи кои ќе го повредат вашиот личен бренд. Никогаш нема да сакате да бидете личноста која кај луѓето предизвикува одбивност секој пат кога вашето име излегува на интернет. Важно е да не ги бомбардирате луѓето со премногу ваши мислења или да кажувате навредливи работи за другите.

Доколку сакате позитивно и силно онлајн присуство, тогаш треба да објавите информации кои позитивно ги прикажува и вашите лични, и вашите професионални интереси.

 

infografik