Освојте 10.000 долари преку вашиот Инстаграм

Освојте 10.000 долари преку вашиот Инстаграм

Подготвил: Драгана Петрушевска

„Многу добри фотографии правиш“, „Треба да бидеш професионалец“, „Те бидува за сликање“ - дали овие фрази звучат познато?


Дали користите „Инстаграм“? Можеби ќе успеете да заработите со помош на вашите вештини со користење на социјалната мрежа. Поточно, да заработите 10.000 долари.

„Тајм“ известува дека „Getty images“ ќе додели грантови од 10.000 долари на тројца фотографи кои сликаат „малку познати општества од целиот свет“. Згора на тоа, победниците ќе добијат професионален тренинг од фотографите на „Getty images“ и изложна во Њујорк оваа есен.

Победниците ќе бидат одбрани врз основа на квалитетот на сликите, фотографските вештини и проектите и приказните раскажани преку фотографиите.

„Сакаме да стигнеме до заедници кои не се претставуваат во медиумите бидејќи немаат пристап до нив, не затоа што нивните приказни не се важни“, велат организаторите.

За да учествувате, пополнете ја апликацијата најдоцна до 4 јуни.