Адеми демантира дека поднел оставка

Адеми демантира дека поднел оставка

Подготвил: Драгана Петрушевска


По оставките на Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски и Сашо Мијалков по социјалните мрежи се раширија гласини дека оставка си поднесе и министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

Тој за албанскиот портал Порталб ги демантираше овие информации.

"Ниту јас, ниту еден албански министер нема поднесено оставка, за разлика од нашите колеги", изјави Адеми за Порталб