Ракометарите на ВАРДАР ќе се дружат со основците од училиштето НОВА

Ракометарите на ВАРДАР ќе се дружат со основците од училиштето НОВА



Тренерите и ракометните ѕвезди на клубот „Вардар“ утре (среда, 13 мај) во 11 часот ќе се дружат и ќе ги споделат своите спортски знаења со основците од меѓународното училиште „Нова“ во Скопје. Тие ќе бидат специјални гости на Саемот за наука кој годинава се одржува под мотото „Спорт и наука“. Врвните спортисти кои ги бранеа македонските бои во Лигата на шампионите ќе им го претстават ракометот како спорт на учениците во „Нова“ и низ практични вежби ќе им покажат како да шутираат и да бранат.

Саемот за наука е поделен во два дела, а во првата етапа основците ќе се дружат со ракометарите и тренерите на РК „Вардар“. Потоа учениците од шестто, седмо и осмо одделение ќе ги презентираат проектите кои изминатиот период ги подготвуваа на тема „Спорт и наука“. Жири составено од гимназијата „Нова“ ќе ги оценуваат најдобрите и ќе бидат избрани добитници на прво, второ и трето место посебно за секое одделение.



Саемот за наука е традиционален настан во оваа образовна институција и секоја година се одржува под различно мото. Годинава целта е учениците да погледнат кон спортот низ призмата на науката и воедно да се промовираат здравите животни навики и спортскиот дух.