Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Инспиративна работилница за лидерство, спроведена од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд Сити Колеџ во Скопје

 


Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ ја организираше првата работилница за млади лидери. Повеќе од 60 ученици од четврта година од средните училишта, како и апсолвенти се стекнаа со нови знаења и вештини во областа на лидерството.

Со креативни и интерактивни вежби, учесниците беа поттикнувани да ги изразат своите лидерски вештини и да научат како да се изградат во професионалци зад кои ќе стои ефективен тим.

Работилницата беше предводена од Д-р Николаос Димитриадис, професор на одделот за Бизнис, Администрација и Економија при Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд – Сити Колеџ и директор на Едукативниот институт за развој (EDI), кој е исто така и презентер на TED Talks, истражувач и практичар во полето на маркетингот и комуникациите.

„Наспроти застареното верување дека лидерските способности се вродени, јас лично верувам дека сите ние имаме лидерски потенцијали. Секој може да биде харизматичен лидер и секој може да влијае и да ги пренесе своите пораки на останатите. Затоа мора да најдеме начин да ја ослободиме оваа енергија и овој потенцијал. А кога станува збор за младите луѓе, посебно оваа нова генерација, кои се родени и израснати со интернет и имаат пристап до сите информации, со цел да ги ослободат своите лидерски потенцијали, треба да им дадеме простор. Тука, нашата улога во развивање на нови лидери, не е да ги научиме како да станат лидери, тие самите имаат енергија а знаењето може да го најдат. Потребно е само да им се обезбеди простор за природно да ги извлечат лидерските вештини. Зборуваме за менторство или тренинг, а не едукација. Треба да го говориме нивниот јазик, да им укажеме што е возможно и да им дадеме простор и самодоверба да станат идни лидери во своите професии“, изјави Д-р Николаос Димитриадис.

На учесниците на работилница им беа доделени сертификати од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, а учеството воедно отвораше можност за присутните да се здобијат со парцијална стипендија за додипломски или постдипломски студии во Бизнис, Администрација и Економија, Психологија, Компјутерски науки или Англиски јазик на еден од 25те најдобри универзитети во Европа!
 
Објавено на 15.05.2015 во категорија Образование
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook