Временска прогноза: За време на викендот повторно дестабилизација на времето

Временска прогноза: За време на викендот повторно дестабилизација на времето



Во Македонија во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност, потопло и ветровито.

Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Минималните температури од 5 до 15 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 22 односно до 33 степени.

Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 32 степени.

Во сабота умерено облачно со повремени сончеви периоди. Попладне зголемување на облачноста, а во североисточните предели со услови за локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе се движат од 21 до 32 степени. Повеќе врнежи ќе имаме во недела, кои ќе бидат поинтензивни во доцните попладневни и во вечерните часови. Минималните температури од 9 до 19 степени, а дневните од 21 до 32 степени.

Во понеделник во утринските часови врнежите ќе престануваат и ќе преовладува умерено облачно време. Попладне разведрување. Дневните температури од 19 до 30 степени.

Во вторник претежно сончево со локална облачност и благ пораст на дневните температури кои ќе се движат во интервал од 21 до 32 степени.